Ретко кој очекува гости рано наутро, а особено не вакви. Еден пар од Нортемптоншир, Англија станал рано наутро, си направиле чај и решиле да ги тргнат завесите за да се восхитуваат на нивната зелена градина и имале што да видат, еден „голем“ гостин веќе се раскомотил и ужива.

Сопругот кој не сака да биде именуван прв го забележал огромниот бик кој си седел во нивната градина и рекол: „По ѓаволите Арнолд е во градината.“ Човекот не му го дал името на животното спонтано, тој и останатите луѓе во околината добро го познавале.

Арнолд, кој го добил името по актерот Арнолд Шварценегер, тежи скоро еден тон и живее во близина на домот на оваа семејство. Огромниот бик успеал да сруши неколку огради и да дојде до градината, каде што решил да се одмори малку.

Бикот успеал да им ги искрши и кантите, да им го уништи цвеќето и за да си ја обележи територијата им оставил и „малку“ измет. Бидејќи парот иако најпрвин ја сфатил ситуацијата комично, сепак знаеле дека бикот може да биде и опасен и затоа го повикале неговиот сопственик да си го земе.

Фармерот им кажал дека ќе дојде за 40 минути, а парот можел само да гледа како бикот им ја уништува градината. За среќа освен градината никој друг не бил повреден и Арнолд повторно бил вратен кај сопственикот.

Сподели на Facebook
пати видено