Хорор филмовите можат да бидат возбудливи, да ви го качат адреналинот или пак да ви дадат причина да ја фатите за рака личноста која ви се допаѓа.

Сите сакаме добар хорор филм со проколната куќа. Но, иако е возбудливо ова да се гледа на филмското платно, се сомневаме дека некој сака да живее во една таква куќа. Сепак Кори Хеизен и неговата сопруга Џенифер не мислат така.

Тие си ја купиле куќата од „соништата“ на Род Ајленд, која беше инспирацијаза познатиот хорор филм The Conjuring. Хорор филмот се базира на вистинската приказна за семејството Перон, која живееше во домот Харисвил во 1970-тите, како и познатите паранормални експерти Ед и Лорен Ворен.

Во филмот, иследниците се повикани во затскриената куќа откако се преселило семејството Перон заедно со нивните пет ќерки и се појавило ужасно натприродно присуство.

Значи секако откако пред неколку месеци куќата била ставена на продажба паранормалниот истражувач Кори морал да ја купи. „Ние веднаш се вљубивме во неа. Осум и пол акри, река во задниот дел и езерце, толку е смирено, никогаш не се грижевме за приказната зад куќата, тоа е прекрасен дом. Џенифер беше повозбудена од мене за неа.“, додава Кори.

Парот ја купил куќата на 21 јуни и не требало многу време за да почнат да се случуваат морничави работи, Кори вели: „Ни се отвараат врати, слушаме чекори и удари. Тешко ми беше да останувам таму сам. Не чувствував дека има нешто злобно, но дефинитивно беше бучно. Може да се примети дека многу работи се случувале во куќата.“

Кори и Џенифер се надеваат дека ќе ја поправат куќата и ќе ја отворат за јавноста оваа година. И покрај необјаснетите удари и стапки, Џенифер сѐ уште гледа оптимистично на нивните планови, бидејќи таа го опиша патувањето како страшно и возбудливо.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено