Папагалот Џеси живее во Едмонтон, Лондон и има неверојатни говорни способности. Арата знае да зборува на англиски, турски и грчки. За жал Џеси успеала да избега од кафезот и да се качи на покривот на соседите. Сопствениците се надевале дека ќе се врати за брзо време, но откако останала на истото место цели три дена, тие помислиле дека можеби е повредена и повикале пожарникари.

Сопствениците им објасниле на пожарникарите дека папагалот знае неколку јазика и им препорачале да ја довикуваат на сите јазици за да се симне, а кога доволно ќе се доближат да ѝ кажат „Те сакам“, затоа што со тие зборови таа се поврзувала со сопствениците.

Пожарникарите ги слушале сите инструкции и шефот Крис Свалоу се качил по скалата на покривот. Се обидел да ја намами птицата со храна и ѝ рекол „Те сакам“, на што птицата му одговорила „И јас те сакам“, но кога се приближил до неа за да ја фати Арата му кажала „Е*и се“, на англиски и одлетала на друг покрив.

Потоа почнала да упатува кон пожарникарите и други пцовки и тогаш тие сфатиле дека птицата не е баш наивна, но Крис вели дека им било и прилично забавно.

Кога забележале дека папагалот не е повреден и може да лета, откако и од тој покрив се префрлил на дрво, тие си заминале и оставиле на сопствениците да се справат со „валканата уста“ на папагалот.

Сподели на Facebook
пати видено