Еден земјоделец од Индија измислил нов метод како да ги заштити своите зелки од љубоморните соседи. Ченчу Реди поставил постер на поранешна порно ѕвезда веднаш до неговото поле во Андра Прадеш, Индија, за да го одбрани од „злобните очи“. На големиот постер е прикажана порно актерката Сани Леоне, на врвот на нејзината кариера, облечена во црвено бикини.

Реди објаснува дека неговото поле со зеленчук им го привлекувало вниманието на селаните: „Оваа година насадив 4 хектари. Тоа непотребно ги привлече локалните селани и поминувачи. За да ги избркам овие злобни очи, ми дојде оваа идеја на ум да ставам голем постер од Сани Леоне, пред неколку дена.“

Земјоделецот е убеден дека откако го ставил постерот на Сани, ги избркал сите непосакувани „гости“. „Трикот функционира, никој не гледа во моето поле сега.“, додава Реди.

Сподели на Facebook
пати видено