Палеонтологот д-р Џек Хорнер во неодамнешо интервју предвиде дека научниците во рамките на следните пет години ќе ја имаат можноста преку генетска манипулација да создадат живи диносауруси. Хорнер, кој бил инспирацијата за филмскиот серијал „Паркот Јура“ и му бил советник на Стивен Спилберг за време на снимањето на филмовите.

Хорнер верува дека диносаурусите би можеле да бидат создадени по пат на генетски инженеринг, што значи дека за нивното „оживување“ воопшто не би биле потребни ДНК примероци од нив.

диносаурус

„Се разбира, птиците се диносауруси, па ние само треба малку да ги дотераме за повеќе да личат на диносауруси. Тие имале долги опашки и предни екстремитети – и по пат на еволуција ги изгубиле опашките, а предните екстремитети се претвориле во крилја. Покрај тоа, изгледот на нивната муцка се сменил од муцка на велоцираптор до морфологија на птичји клун“, вели Хорнер. Еве како тој смета дека би можел да се употреби генетски инженеринг за да се создаде жив диносаурус:

„Во основа, влегуваме во ембрионот кој допрва почнува да се формира, и употребуваме некои генетски маркери на некој начин да идентификуваме кога некои гени се вклучуваат и кога се исклучуваат, и со определувањето кога некои гени се вклучуваат, па така кога ќе го препознаеме генот за растење на опашка, сакаме да го спречиме неговото исклучување. Можеме да направиме птица со заби, а клунот можеме да го направиме да биде уста. А што се однесува до крилјата и шепите, тоа не е толку тешко. Доста сме сигурни дека тоа наскоро ќе можеме да го направиме“.

Хорнер е возбуден од можноста по земјата да почнат да шетаат диносауруси, но многу луѓе се загрижени од можните опасности. Дури и во филмовите „Паркот Јура“ инспирирани од Хорнер, луѓето не можат да ги контролираат диносаурусите и тие се претвораат во неверојатна опасност, убивајќи многу луѓе. Ова е многу реална можност доколку овие научници одберат да си играат со природата и да создаваат диносауруси.

Сподели на Facebook
пати видено