Неверојатно видео од пајак кој изгледа како да е суштество од друга планета, со десетина нозе и големи очи, се појави на интернет. Видеото покажува како огромниот влакнест пајак полека ги движи нозете, додека едно семејство го снима „чинот“. Пајакот од 16, добива 8 нозе откако ќе се ослободи од кожата.

Пајакот лежел околу пет минути, со што жената која го снимала помислила дека умрел. Многу луѓе кои го гледале видеото на социјалните мрежи споделиле дека ова е „неверојатен“ и „магичен“ момент. Повеќе од 13.000 луѓе го виделе видеото откако било споделено во Фејсбук група во четврток.

Во застрашувачките снимки е прикажан пајакот, за кој се верува дека е машки ловец како употребува огромен напор за да се ослободи од својата стара кожа. По последното туркање, пајакот е слободен и изгледа безживотно по семоќната работа на природата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено