Еден Јапонец споделува дека конечно ја нашол среќата со својата нова девојка – силиконска секс кукла. Сенџи Накаџима тврди дека ужива во неговата „совршена“ врска со „Саори“ – па куклата дури ја води на шопинг, купувајќи ѝ отмена облека, и покрај фактот што тој е веќе оженет и со неговата жена има две деца. 61-годишниот Сенџи од Нагано живее со неговата секс кукла во вистинска големина во неговиот стан во Токио, кадешто ужива во телесна врска со неа – но тврди дека е среќен бидејќи неговата пластична придружничка не е со него „поради парите“.

Бизнисменот вели дека Саори првпат влегла во неговиот живот пред шест години откако се почувствувал осамено додека бил на пат поради работни обврски. На почетокот Сенџи ја користел куклата единствено за сексуални цели, замислувајќи дека тоа е неговата прва девојка, во најразлични сценарија. Но, откако САори му помогнала на Сенџи да ги исполни осамените ноќи, тој по неколку месеци почнал да развива посилни чувства кон куклата и оформил „врска“ со неа, велејќи дека таа е „повеќе од кукла“.

Сенџи тврди дека неговата пластична придружничка има вистинска оригинална личност и дека парот оформил врска – и дека уживаат заедно во романтичните вечери. „Таа никогаш не ме изневерува, не е со мене поради парите. Уморен сум од современите рационални меѓучовечки врски. Тие се без срце“, вели 61-годишниот човек, и – можеби донекаде е и во право.

kk01 kk02 kk03 kk04 kk05 kk06 kk07 kk08 kk09 kk10 kk11 kk12 kk13

Сподели на Facebook
пати видено