Дури и привремено, поларниот вортекс целосно го преобликуваше лицето на САД. Но, додека некои имаат големи проблеми додека се соочуваат со студот, други се забавуваат. И тоа не се само љубителите на зимски спортови.

Ендрју Сиесема, е земјоделец кој забележал нешто невообичаено на јаболниците во неговиот овоштарник во Мичиген. Тој налетал на фемоменот наречен „јаболка духови“.

Вилијам Шумејкер од Универзитетот во Илиноис изјавил дека феноменот настанува така што јаболка кои останале на јаболкницата поминуваат определен период на експремно ниски температури, се „мумифицираат“ во мразот и стануваат гнили. Така тие ја задржуваат својата форма, но нивната содржина станува кашеста.

Кога нивната температура паѓа на околу -18 ° C нивната структура паѓа, а неколку можат „успешно да ја исфрлат својата гнила содржина“.

Иако голем број на луѓе се прашуваат зошто јаболката не замрзнуваат целосно, Вилијат потсетува дека јаболкото има значителна содржина на киселина, па затоа мора да биде изложено на уште поекстремно ниски температури за да замрзне.

Сподели на Facebook
пати видено