Ова е една од оние вести кои ќе ве збунат и зачудат. Тим од будистички монаси од училиштето во Тајланд, Бале Сатит Сукса стана најнеочекуваниот победник на натпреварот во универзитетот „Кан Каин“.

Групата на монаси се пријавила да се натпреварува на Е-спорт турнир и победила во играње на видео игра. Да, така е ниту монасите не се она што беа.

Координаторот на турнирот на универзитетот изјавил дека монасите се пријавиле и тие решиле да им дозволат да се натпреваруваат, но ниту еднаш не помислиле дека тие и ќе победат.

Монасите се заинтеренсирале за игрите откако почнале да имаат часови по информатика. Тимот победил во играње на играта на мобилен телефон наречена „Speed Drifters“.

Младите монаси учат религија 20 часа на ден, а остатокот од времето го поминуваат ангажирајќи се на вообичаени образовни активности, но фактот што тие ги прифатија своите награди во нивните традиционални облеки вознемири некои луѓе.

Координаторот додава дека нема простор за критики и дека и монасите се деца на кои треба да им се даде шанса да учат и да изберат што сакаат да прават, бидејќи и поголем дел од нив доаѓаат од сиромашни и распаднати семејства.

Сподели на Facebook
пати видено