Вака го започнува работниот ден најдобриот учител на планетата.

Секое утро трошам 10 минути давајќи им комплименти на учениците во мојот специјален час. Гледам како самодовербата им расте до небото. Секое дете заслужува да се чувствува прифатено во овој свет. Наместо да се фокусирам на недостатоците, јас се фокусирам на талентите. Наместо да им зборувам за мир, љубов и хармонија, јас им го покажувам тоа. Личноста на детето се оформува од искуствата во најраната возраст. Ако имаат злобен и огорчен учител, тие ќе мислат дека и светот е злобен и огорчен. Но, ако учителот покаже љубов, хармонија и мир, тоа ќе стане нивна норма.

После неколку недели од оваа вежба, учениците почнаа да си даваат комплименти еден на друг. Тие се пофалуваа едни со други за достигнувањата како самите да ги направиле. Тие никогаш не се навредуваа еден со друг и активно си помагаа меѓу себе. Омразата е научено однесување, љубовта е природна. Моите ученици развија способност да ме погледнат во очи и да ме пофалат и мене за моите напори.

Сподели на Facebook
пати видено