Додека за постарата генерација, тоа навистина може да предизвика емоционални чувства, дури и сеќавања на славната советска армија, можеби, за младите, овие споменици обично за младите и не претставуваат нешто важно. Младата генерација Бугари спаѓа во втората категорија.

Во Софија, главниот град на Бугарија, огромен споменик за Советската армија е изграден уште во 1954 година. Сепак, сигурно има видено подобри денови, бидејќи споменикот станува жртва на вандализам одново и одново. Градските власти го чистат само за да го најдат повторно обоен.

Сѐ започна во 2011 година, кога споменикот беше насликан да изгледа како ликови од американската поп-култура

Во 2012 година, на војниците на споменикот им беа ставени разнобојни фантомки за поддршка на „Pussy Riot“

Pussy Riot е руска феминистичка панк-рок музичка група, позната по изведувањето на политички мотивирани протестни изведби во Москва, т.е. критики кон рускиот претседател Владимир Путин. Во 2012 година, тројца претходно уапсени членови на рускиот феминистички протест бенд Pussy Riot беа осудени од руски суд и секоја од нив беше осудена на две години затвор. Ова беше критикувано широко надвор од Русија и во истиот ден биле поставени плетените фантомки кои се заштитен знак на групата.

Во 2013 година, тој беше покриен во розова боја во чест на годишнината од Прашката пролет во 1968 година

Сосема ненадејно, без некој особен повод, СССР заедно со Унгарија, Полска и Бугарија, извршиле инвазија на ЧССР на 20 август 1968 г. Тие испратиле стотици илјади војници и илјадници тенкови за да ја окупираат земјата. Инвазијата била молскавична: почнала и завршила во текот на ноќта помеѓу 20 и 21 август 1968 г. без отпор од војската на Чехословачка. Напишале и слоган: „Бугарија се извинува“.

Во 2014 година ја објави „Славата на Украина“

Во февруари 2014 година, споменикот беше насликан уште еднаш и овој пат ја почести Украина што беше жртва на агресијата на Русија. Еден од војниците и знамето погоре беше насликано во националните бои на Украина, а фразата „Слава на Украина“ беше напишана на украински јазик на споменикот. Вандализамот беше чин на поддршка на украинската револуција во 2014 година.

Еве како споменикот изгледа без никаква боја на него

Сподели на Facebook
пати видено