Семеен човек од работничката класа добил повик од официјалните лица откако завршил со работа, трета смена. Тој не можел да поверува кога му кажале дека е добитник на лото, но уште поневеројатно е тоа што тој е „двоен“ добитник на лото.

Овој човек од Мелбурн освоил 46 милиони евра „благодарение“ на мала грешка која ја направил.

Неколку дена претходно купил лото ливче кога тргнал на работа, а подоцна по грешка купил уште едно со истите броеви. Тој малку се разочарал кога видел дека ливчињата се исти бидејќи мислел дека така шансите за добивка му се драстично намалени. Но, сега му е многу мило што ја направил оваа грешка, која ќе ја памети по добро целиот свој живот.

Иако не му е откриен идентитетот. човекот изјавил дека планира парите да ги сподели со своето семејство и можеби да се пензионира. Победничките броеви биле 12, 28, 24, 29, 9, 18 и 25. Дополнителните броеви биле 13 и 31. Тој вели дека игра лото веќе 30 години.

Добивката од 70 милиони била поделена на 3 дела бидејќи и уште еден човек ги имал истите броеви, сепак од овие 3 дела среќниот маж си земал 2.

Сподели на Facebook
пати видено