Рибарите се познати по раскажување на невистинити приказни, но еден страствен рибар од Кентаки инсистира дека уловил златна рипка и има фотографија за да го докаже тоа. Хантер Андерсон, уловил риба тешка 10 килограми која најверојатно некогаш била домашно милениче. Тој на јадицата ставил само бисквит додека риболовел во приватно езерце во округот Бојл за време на викендот.

Откако ја фатил златната рипка тој се фотографирал со неа бидејќи знаел дека никој нема да му верува, а потоа ја вратил назад во езерото.

 

Не се знае дали рипката која ја фатил Хантер некогаш била домашно милениче, но познато е дека златните рипки со години живеат во дивината и растат до големи димензии. Обичната златна рипка е вид на крап, кој останува мал кога ќе се чува во резервоари и ќе се храни со ограничено количество на храна за риби.

Но, доколку се пуштени на слобода во езера можат да живеат со децении. Рибите ќе продолжат да растат цело време, под услов да има доволно храна и простор кој можат да го окупираат, што резултира со вакви примероци. Најголемата златна рипка што некогаш била забележана била долга 50 сантиметри, според Гинисовата книга на рекорди, иако тежината не била забележана.

Сподели на Facebook
пати видено