Скапите ресторани по големите градови во светот наплаќаат стотици долари за еден оброк. Но, голем дел од луѓето немаат доволно средства да си обезбедат и скромен оброк во ресторан. Благодарение на хуманитарна организација во Филаделфија квалитетот на јадењето во ресторан не мора да биде ексклузивно искуство.

„EAT (Everyone at the Table) Café “ , односно „Сите на масата“ ресторанот, во Западна Филаделфија, има интересен принцип на работа. Гостите можат да платат предложени 15 долари за оброк од три дела (предјадење, главно јадење и десерт), ако сакаат да платат повеќе никој нема да ги одбие. Но исто така ако можат да платат помалку од тоа или немаат воопшто со што да платат, ресторанот сепак им обезбедува свеж и квалитетен оброк.

EAT Café е во сопственост на Мариана Чилтон, која исто така е директорка на „Центарот за заедници без глад“. Таа дошла до идеја да отвори ваков ресторан пред пет години, откако ја забележала тажната разлика помеѓу популарните ресторани и јавните кујни. Таа и нејзините соработници собираат скромен буџер од 750 долари неделно за состојки од кои подготвуваат хранливи јадења за гостите кои плаќаат колку што имаат.

Мариана вели дека се повеќе имаат гости кои доаѓаат во ресторанот со намера да платат повеќе од потребното за да можат да се покријат трошоците за оние кои што немаат да платат. Дури 80% од гостите ја плаќаат нивната сметка. Гостите во EAT Café освен што можат да јадат бесплатно или евтино, освен во вкусната храна уживаат и во убаво уредениот амбиент.

Сподели на Facebook
пати видено