Пушењето убива. Сега веќе тоа го пишува и на самите кутии. Според статистички податоци на Светската здравствена организација, повеќе од една милијарда луѓе во светот се пушачи, и секоја година умираат пет милиони луѓе од болести поврзани со злоупотребата на тутун. Тоа значи дека приближно на секои шест секунди умира по еден човек. Но, не само пушачите имаат проблеми со белите дробови. Сепак, едно е сигурно; белите дробови на пушачите се пооштетени од белите дробови на непушачите. Најдобро е едноставно да престанете со пушењето, сега, во овој миг, без да се залажувате со намалување, електронски цигари и сешто. А ако чувствувате мачнина во белите дробови, еве еден домашен лек кој може да ви ги прочисти белите дробови за три дена.
Истражувачите откриле дека луѓето кои пушат подолго од пет години, почесто заболуваат од бронхитис и страдаат од кашлица. Доколку и вие имате проблем со кашлицата, пробајте го овој докажан рецепт, и позитивните резултати се гарантирани.
Состојки:
400 гр. исчистен и исецкан кромид
2 мали лажички куркума
1 литар вода
400 грама кафеав шеќер
1 мало парче од корен од ѓумбир
Упатство:
Зовријте ги водата со шеќерот во поголем сад. Потоа додадете го кромидот и коренот од ѓумбир. На крајот додајте ја куркумата и малку изрендан ѓумбир. Кога смесата ќе почне да врие, треба да ја намалите температурата. Оставете да се излади на собна температура и потоа чувајте во фрижидер.
Употреба:
Пијте го овој еликсир секое утро пред појадок и навечер, два часа пред последниот оброк. За најдобри резултати, најдобро е и да ја зголемите вашата физичка активност. Доколку е можно, капете се секој ден со топла вода, но не подолго од 20 минути. На овој начин вашето тело полесно ги отстранува токсините. Исто така може да помогне и инхалирањето на еукалиптус.


