Доколку беше можно да се патува низ времето најверојатни би отишле во иднината за да видиме каков ќе биди животот тогаш, или во минатото би виделе како живееле луѓето во римското време.

Но, Сара и Габриел Крисман не го чекаа пронаоѓањето на временската машина и отидоа во минатото самостојно. Тие веќе 10 години живеат во 19-тиот век и целосно се прилагодиле на тоа време.

Сара и Габриел Крисмани ги истражуваат историските времиња со невообичаени методи: тие целосно се преселиле во 19-тиот век, поточно, од 1880 до 1890-тите. Во тоа време, технологијата направи пробив и во животот на човештвото бидејќи тогаш почнале да се појавуваат масовно светилки, телефони и автомобили.

Парот отсекогаш бил фасциниран од старите времиња и еднаш Габриел ѝ подарил на Сара корсет каков што носеле во 19-тиот век. Една година подоцна, двојката купила стара куќа изградена во 1888 година во градот Порт Таунсенд, Вашингтон. Така тие полека почнувале да го приспособуваат животот на минатото.

Кога се преселиле, во кујната имало фрижидер, но Сара и Габриел го замениле со ледена кутија. Има електрична енергија во нивната куќа, но тие користат старомодни светилки, како оние кои ги измислил Едисон. Во вечерните часови, тие вклучуваат газиена ламба, а во зимно време користат гас и грејачи на керозин.

Брачните другари немаат мобилни телефони, иако Сара има возачка дозвола, се движат на ретро велосипеди насекаде. Тие не користат микробранови печки, машини за перење и сушење и одлучиле да прават сѐ рачно. За родендени, тие меѓусебно си подаруваат антиквитети и си ја шијат облеката, копирајќи од оригиналите. Сара секојдневно носи корсет, а сите очила се вистински, направени во 19 век.

Сара ги мие садовите со помош на чаши и бокали, а ја чешла косата со чешел стар 130 години. Двојката готви на шорет на дрва. Рецептите за храна Сара ги зема од готварските книги од деветнаесеттиот век.

Двојката го поминува своето слободно време во шетање и читајќи. Габриел е поранешен архиварист и библиотекар (сега работи во продавница за велосипеди), а Сара е писател. Читањето е нивна омилена активност, и тие посветуваат време да проучуваат книги и списанија напишани во 19 век, со цел да станат повеќе во духот на времето.

Се разбира, современиот свет ги диктира сопствените правила. Издавачите не прифаќаат рачни ракописи, затоа Сара ги пишува на компјутер и има своја Фејсбук страница. Таму зборува за нејзините книги и интересни факти од викторијанската ера.

Сара и Габриел велат: „Нашата цел не е прецизно да го рекреираме минатото – ние, како и секој друг, знаеме дека ова е невозможно. Ние не сме актери, ние не се преправаме дека сме други луѓе. Се обидуваме да бидеме ние и да го правиме она што го сакаме. Начинот на кој живееме е вистинската слобода на избор.“

Сподели на Facebook
пати видено