Пар од Jексонвил, Флорида, кој некогаш бил заглавен во долгови целосно си го транформирал животот. Тие решиле да тргнат на патување веднаш што ги исплатиле долговите. Вил и Кристин Вотсон се запознале на работа во 2013 година и брзо сфатиле дека го делат истиот дух за авантури.

Тие се венчаа во 2018 година, и двајцата споделија сон да го пропатуваат светот со полно работно време, без тежината на долговите околу вратот.

Неверојатно, Вил (31) и Кристин (29) беа во можност да го остварат овој сон, заедно со нивната ќеркичка Роам и нивното куче Раш. Двојката патувала многу преку работа, но знаеле дека сакаат повеќе од корпоративни патувања. И така тие почнале да гледаат стари автобуси кои ќе можат да ги претворат во дом.

Откако го пронајде совршеното возило за 8000 долари, Вил го продал својот стар камион за да ја купи оваа машина. Тие купиле поранешен воен автобус во Јута, на кој му го дале името Хуан.

Знаејќи дека сакаат да бидат без долгови пред да тргнат на патувања, парот успеал да плати долг од 24.000 долари, дозволувајќи им да имаат вистинско чувство за „мир и безбедност“. Тие почнале да го реновираат автобусот додека не дознале дека Кристин е бремена. Во септември 2018 година, се роди малата Роам, а во април 2019 семејството се вселило во автобусот.

Од нивното патување, кланот Вотсон отпатувал преку 25.000 километри од Флорида Кис, на источниот брег и до Нова Шкотска, Канада. И покрај тоа што мораат да прават почести паузи за да може Роам да јаде и да лази наоколу родителите велат дека Роам е „совршено бебе за патување“.

Сподели на Facebook
пати видено