Кога ќе се спомне свадба веднаш на памет ни доаѓаат екстравагантни венчаници, цвеќе, 400 гости, кетеринг и што уште не, или со други зборови, премногу скапи работи. Луѓето понекогаш даваат вртоглави суми на пари кои всушност и ги немаат само за да го направат овој ден „посебен“.

Но, Ребека и Глен Максвел покажаа дека денот може да биде посебен без потоа да се шетате со празен паричник. За нив посебноста е во љубовта која си ја подаруваат и затоа решиле нивната венчавка да изгледа вака.

26-годишната Ребека и 30-годишниот Глен од Англија решиле да не ја применуваат традиционалната облека на својата венчавка. Тие се одлучиле за малку „поопуштен стил“. Така Ребека носела бела маица на која пишува „Невеста“, а Глен носел црна маица на која пишува „Младоженец“.

Двојката одлучи да се определи за персонализирани маици, и побарале од сите 40 најблиски гости од семејството и пријателите исто така да дојдат во фармерки и маици, односно во нивниот најопуштен стил.

Младенците кои имаат деветмесечна ќерка Елеонор, се свршиле во 2016 година и веднаш почнале да планираат голема свадба. Но, по одредено време полно со фрустрации тие сфатиле дека покрај организацијата заборавиле зошто всушност ќе прават таква венчавка.

Особено кога Ребека се породила и повеќе не можела да влезе во својата венчаница и почнала да плаче. Тогаш Глен ѝ кажал дека тој ја сака и е спремен да ја ожени и во маица и фармерки. Така се родила идејата за една ваква венчавка.

Сподели на Facebook
пати видено