Што би направиле ако 120.000 долари мистериозно слетаа на вашата банкарска сметка?

За повеќето луѓе, тоа звучи како сценарио од соништата, но ако си рековте себеси „ќе ги потрошам“, можеби двапати ќе размислите откако ќе слушнете за двојка од Пенсилванија, која е обвинета за кражба откако го направиле токму тоа.

36-годишниот Роберт и 35-годишната Тифани Вилијамс имаат долг стотици илјади долари и се соочуваат со затворска казна, откако беа обвините затоа што ги потрошиле парите кои мистериозно се појавиле на нивната сметка.

Тие успеале да ги потрошат парите за две недели и си купиле автомобил и кампер. Парот сега е обвинет за кражба и украден имот. Од полицијата велат дека ББ & Т банка ги ставила парите на сметката на парот на 31 мај, како резултат на службена грешка од страна на вработен.

Но, наместо да контактираат со банката за нивната грешка, до 19 јуни двојката за брзо време ги потрошила сите пари. Тие дури и подариле 15.000 долари на пријатели. Откако банката ја контактирала Тифани за да ги извести дека го прекорачиле лимитот за 107.416 американски долари затоа што станувало збор за грешка таа им кажала дека ќе разговара со сопругот за да договорат начин на отплата.

Но, откако повеќе не се јавиле во банката, тие ги известиле властите и парот ѝ признал на полицијата дека знаеле дека парите кои ги потрошиле не се нивни.

Сподели на Facebook
пати видено