Многу мажи се прашуваат дали ќе ѝ се допадне вереничкиот прстен на саканата. Денис Браун не сакал да ризикува, па затоа решил на неговата вереница да ѝ приреди малку поинакво запросување.

32-годишниот Денис е модел и актер, а претходно играл американски фудбал, додека неговата, сега вереница, Атара Далас е учителка и сопственичка на кафуле за здрава храна.

Фотографиите од моментот на запросувањето покажуваат како Денис наместо едно кутивче и прстен, вади поголема кутија во облик на срце со 6 дијамантски прстени, со разни форми и големини во неа.

Во описот на фотографијата Денис напишал: „Можеби не успеав да освојам 6 прстени во НБА како Џордан, но јас победив во животот со неа и таа заслужува да бира од овие 6 прстени.“

Денис ја запросил Атара на бина, а во позадина нарачал голем постер со романтична порака на него, која се однесувала за неговата љубов кон Атара.

Коментарите на социјалните мрежи претежно биле пофални за „дарежливоста“ на Денис, но некои и го критикувале затоа што сметале дека „не ја познава доволно својата девојка“ за да ѝ купи прстен каков што знае дека ќе ѝ се допадне.

Сподели на Facebook
пати видено