Не е лесно да се трча маратон, па многу често и сосема физички здравите луѓе не се обидуваат да го пробаат овој спорт. Но, не значи дека физичките недостатоци се пречка за остварување на една ваква желба.

Еден човек влезе во историјата со тоа што стана првиот слеп човек кој го комплетирал полумаратонот во Њујорк со кучиња-водичи.

48-годишниот Томас Панек го постигна импресивниот подвиг со помош на три кучиња-водичи, Вестли, Вафл и Гас. Носејќи мали патики на нивните шепи, триото лабрадори го водело Томас, кој е претседател и извршен директор на Guiding Eyes for the Blind, на рутата долга 21 километар.

Секое од кучињата трчало со свое темпо и на секои 5-8 км се менувале и биле проверувани од страна на ветеринари и волонтери, кои се грижеле за нивната хидратација, здравје и безбедност.

Гас е 7-годишен лабрадор и најстариот во дружината, тој бил со Томас уште од самиот почеток и Гас бил оној кој поминал со Томас на финишот во Централ Парк. И тимот ја заврши трката за помалку од два часа и 21 минута.

Томас отсекогаш сакал да трча, но го изгубил видот во раните 20-ти години од својот живот. Тој не сакал да се откаже од трчањето и оттогаш учествувал на 20 маратони со помош на човечки водичи, но на овој начин ја немал независноста.

Ова била главната причина зошто тој одлучил да постави програма за обука за кучиња водичи за време на трки и маратони.

Томас вели дека најважен дел од тренингот е силната врска со кучето. Панекс се надева дека неговото достигнување ќе ги охрабри другите со попреченост да го оспорат она што мислат дека можат и не можат да сторат.

Сподели на Facebook
пати видено