Со голема моќ доаѓа голема одговорност: сите го знаат мемето од момчето кое што трепка и сега тој ја користи својата слава за добро.

Тој беше главниот гиф за збунетост, изненаденост, иронија, сарказам и слично уште од 2017 година.

Но сега, Дру Скелон сака да ја претвори светската популарност во нешто навистина позитивно: собирање пари за борба против Мултиплекс склерозата. Повикувајќи се на секој кој претходно пронашол забава во неговиот гиф тој ги замоли своите 74000 следбеници да направат донација на Националното друштво за Мултиплекс склероза, за поддршка на истражувањата за мултиплекс склероза.

Тој веќе има соберено околу 30.000 долари и се надева дека акцијата ќе продолжи. „Видете, двајца блиски мои пријатели и членовите на нивните семејства страдаат од МС, ослабувачко заболување на централниот нервен систем што ја прекинува комуникацијата помеѓу мозокот и телото. Милиони луѓе страдаат од МС и не постои познат лек. Ова е моментот каде што влегувате вие.“, вели Дру.

Тој секоја година вози маратон со својот велосипед во чест на луѓето со оваа болест. Тој вели дека неговиот мемињата се начин да се постигне „говор на телото“ преку интернет и дека му е мило што толку многу луѓе пронашле забава во него.

Сподели на Facebook
пати видено