Коњот Чампи и мачорот Морис се најдобри пријатели повеќе од 6 години, тие се дружат секој ден, и покрај тоа што двајцата имаат пријатели од своите видови. Џенифер Бојл еден ден отишла во засолниште за животни и таму го забележала Морис во кафез. Мачорот не го тргал погледот од неа и таа во тој момент знаела дека мора да го земе.

Тогаш Морис имал 9 месеци, а таа веќе го чувала Чампи кој имал 12. Коњот веднаш се заинтеренсирал за мачето, но на Морис му требало некое време додека да „влезе во игра“ со Чампи, затоа што е прилично поголем од него.

Но, наскоро Морис решил да скокне на гробот на Чампи и сега најчесто можат да го најдат таму. Од тој ден па до денес тие се неразделни пријатели и луѓето не можат да престанат да се восхитуваат на нивното чисто и необично пријателство.

Сподели на Facebook
пати видено