Компјутерот на Apple од 1976 година е купен за 420.000 евра. Моделот Епл 1, кој е извонредно сè уште функционира до денес, беше купен во аукциска куќа во Лондон вчера.

Кога за прв пат се појавил во продавниците во САД компјутерот чинел 666,66 долари, односно денес тоа е еквивалент на околу 3.900 евра.

Но, дури и овој неверојатен скок во вредност не го надмина рекордот на најголемата продажба на Епл 1 која пред 3 години во САД ваков компјутер беше продаден за 726.000 евра. Моделот, широко сметан како прв персонален компјутер, има мала 4KB меморија и 1MHz процесор.

Дизајниран од пронаоѓачите Стив Џобс и Стив Возниак, бил опишан како „исклучително моќен систем за од развој на програми до играње игри“. Помалку од 200 Apple 1s беа произведени и се смета дека само половина од овие направи се зачувани до денес. На видеото подолу можете да видите сличен таков компјутер кој бил продаден во САД, за 300.000 долари.

На аукциската куќа Кристи вчера, компјутерот беше продаден заедно со стандарден печатач и монитор, кои не беа производи на Apple.

Сподели на Facebook
пати видено