Патрик Мвала од Кенија заработува за живот одгледувајќи грашок на својата фарма. Уште како дете видел дека луѓето многу малку се грижат за дивите животни, па си рекол дека кога ќе порасне ќе направи сѐ што може за да им помогне. Откако се расчула веста дека 40% од животните во националниот парк „Западен Тсаво“ умреле од последната суша, тој решил под итно да презеде нешто.

Така, Патрик почнал неколку пати во неделата да им носи на животните по 12 тони вода и тоа трае веќе 6 месеци. Некои од животните веќе почнале да го препознаваат и да го чекаат неговиот син камион. Пари за својата мисија тој почнал да собира од хуманите луѓе преку интернет, бидејќи цената на едно вакво патување изнесува околу 14.000 денари, бидејќи и камионот што го користи го изнајмува. Се надева дека ако се зголемат донациите ќе може да си купи свој камион и да ги смали трошоците.

Сподели на Facebook
пати видено