Кога кампувате среде шума, понекогаш копнеете по малку луксуз. Не треба да се срамите поради тоа! После сето тоа планинарење и истражување на дивината, нема да ви наштети едно мало опуштање. Всушност, за ова си има и посебен израз – глампинг или глам кампинг.
„Оригиналниот номад“, компанија специјализирана за производи за употреба во надворешни услови пуштила во оптег интересен производ кој кампирањата ќе ги направи сто пати подобри. Номадската када на склопување ќе ви овозможи да си приредите топла бања каде и да се наоѓате. Се поставува и собира лесно и брзо, што ја прави супер погодна. Ова чудо дефинитивно ќе ги крене вашите кампувања на едно повисоко ниво.
Ова е кадата на Оригиналниот Номад

Водата се загрева со помош на спирален елемент за загревање, кој може да функционира на дрва, но можете да употребите и пропан.

При надворешна температура од 15-20°С се потребни околу два и пол часа за водата да се загрее на температура од 40°С.

Колку прекрасен начин да се наградите себеси после долг и напорен дел во шумата.


Кадата е доволно голема да собере група пријатели.




