Кога бил млад Јадав Молаи Пајенг размислувал на кој начин да и помогне на животната средина. Тогаш тој почнал да сади дрвја на едно исто место во период од 37 години.

Тој го посадил семето на напуштена песоклива почва до реката и во близина на регионот Асам во Индија, каде што е роден. Јадав сакал да создаде дом за природата и се противел на сите кои што ги сечеле дрвјата.

Јадав го посветил целиот живот во создавање на своја шума, тој успеал да создаде целосен екосистем. Според најновите проценки шумата има големина од 1.360 акри.

Но што го натерало Јадав да го насочи животот во овој правец? Тој изјавил дека откако открил неколку мртви змии во песочната област по поплава, одлучил да создаде дом за животните, за да тие и нивните семејства бидат спасени.

Според 47-годишниот Јадав, змиите починале од преголема изложеност на сонце, затоа што немало дрвја. „Седев и плачев до змиите. Го информирав шумското одделение задолжено за оваа област но тие ми кажаа дека не можат ништо да направат, рекоа дека на оваа почва не може ништо да се одгледува. Дури и ми предложија да одгледувам бамбус. Беше тешко, но успеав. Немав поддршка од никого. Никој не се грижеше.“ вели Јадав.

Овој човек успеал во својата цел. Создал рај за дивите животни, одличен пример за тоа колку можат да бидат неверојатни човекот и природата која ќе се сплотат. Во неговата шума има над 115 слонови, неколку носорози, елени па дури и неколку тигри.

„Ќе продолжам да садам до последниот здив,“ вели овој прекрасен човек.

Сподели на Facebook
пати видено