Во Америка, во продавниците за миленици не е невообичаено да се види како купувачи влегуваат со нивните кучиња, но оваа продавница во Мичиген била соочена со малку поинаков миленик- камила висока 2 метри и со тежина од 635 килограми.

50-годишниот Скот Луис на шопинг ја одвел неговата 11-годишна камила по име Џефри, а како причина за нивната прошетка навел дека едноставно сакал неговиот миленик да се навикне и приспособи во приколката за патувања.

Скот ја одгледал камилата во локалната “Луис” фарма и зоолошка. Бизарните снимки покажуваат како Скот заедно со огромната камила поминуваат низ автоматските врати на продавницата и како и сте останати купувачи се шетаат низ маркетот, па дури и отпоздравуваат еден млад брачен пар со бебе.

“Џефри навистина уживаше во нашата мала шопинг авантура. Обожава да запознава нови луѓе и многу е пријателски настроен. Уште како бебе беше пресладок!”- вели Скот за неговата камила.

Во полисата на продавницата стои листа кои животни исклучиво сопствениците можат да ги донесат во истата, но овој пат за Скот и неговата камила, Џефри, направиле исклучок.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено