28-годишниот Сум Бора собирал измет од лилјаци во планинската џунгла Чакри во северозападната провинција Батамбанг, Камбоџа, во неделата на 4-ти август кога случајно му паднала светилката во тесна пукнатина.

Тој се обидел да ја врати светилката и со тоа се лизнал во пукнатината, каде се заглавил.

Изметот од лилјаци може да се користи како ѓубриво и да се продава за дополнителен приход од страна на земјоделците, кои понекогаш се обидуваат да привлечат лилјаци во нивниот имот. Семејството на Бора се загрижило откако тој 3 дена не се вратил дома и почнале да го бараат.

Братот на Бора на крајот го нашол и ги предупредил властите за локацијата на заробениот човек на планините. Портпаролот на полицијата, Сарет Висен, објасни како околу 200 спасувачи, предводени од специјалисти од компанијата „Брзо спасување 711“, работеле за да го ослободат заробениот човек со внимателно уништување на околните парчиња карпи, кои го „заковале“ во место.

Тој бил ослободен околу 18 часот во средата на 7-ми август и тој излегол од пукнатината видно во лоша состојба. Спасувањето траело 10 часа.

Состојбата на Бора потсетува на филмот „127 часа“ во кој глуми Џејмс Франко, кој е заснован на вистинската приказна за алпинистот Арон Ралстон.

Сподели на Facebook
пати видено