Постојат многу работи кои можат да не извадат од такт кога ќе седнеме со пријателите и семејството. Сепак сите овие работи на крајот се занемаруваат, затоа што, нели, сепак не вреди да се уништуваат односите за ситници.

Но, Дерол Марфи од Сан Диего не размислува така, или барем нема избор да размислува поинаку.

Гласното џвакање на храна е кошмар за сите на трпезата, а Дерол решил поради оваа причина да изгуби контакт со своето семејство и пријатели. 41-годишниот Дерол страда од ретка состојба наречена мизофонија, при што одредени звуци предизвикуваат екстремни емотивни реакции.

Менаџерот за производство во компанија за графички дизајн реагира на бучни јадачи со целосен бес и со години не можел да се види со одредени членови на семејството. Долги години човекот не знаел што не е во ред со него и дури на 30-годишна возраст ја добил дијагнозата.

„Мислев дека сум луд многу години. Мали звуци предизвикуваа бес во мене. Луѓето не го разбираат тоа и не можам да го објаснам. Засегнатите се односите, особено луѓето со кои сум се дружел и членовите на семејството, затоа што се искажувате на луѓето што ви се најблиски, затоа што мислите дека треба да разберат. Јас не сум агресивна личност, звуците едноставно ме лутат.“, раскажува Дерил.

Тој вели дека оваа болест дури уништила и една негова врска. Дерил секој ден мора да носи слушалки и да слуша одредени звуци, како еден вид терапија за неговата состојба, тој сака да ја покрене свеста за болеста бидејќи многу луѓе бегаат од општеството, а не се свесни дека не се самите виновни за своето однесување.

Сподели на Facebook
пати видено