Филммејкерот Пол Росоли има намера да стори нешто што здравиот разум вели дека човек никогаш не би требало да се обиде да направи такво нешто. Натуралистот доброволно ќе дозволи да биде изеден од џиновска змија. Целото искуство ќе биде снимано за идна ТВ серија. За да го постигне тоа, 26-годишниот г-н Росоли ќе се облече во „змијоотпорен“ костим во кој ќе се сервира себеси на анаконда – џиновска змија од Амазон, чијашто должина може да достигне и до 9 метри.

Снимката ќе се емитува на 7 декември на „Изеден жив“ – специјална емисија на Discovery Channel кој веќе предизвика остри критики од групите за права на животните коишто овој трик го нарекуваат чин на „злоупотреба на животните од највисок степен“. Но г-н Росоли на нештата гледа на поинаков начин. Како што споделува на Твитер:

„Кога би ме знаеле, не би кажале такво нешто. Јас никогаш не би повредил живо суштество. Но ќе треба да гледате за да видите како ќе се заврши!“

Росоли, родум од Њу Џерси, САД е познат како „Индијана Џонс од Амазон“, бидејќи главно се сосредоточува на Амазон, но неговиот сајт исто така покрива и локации како Индонезија, Бразил и Перу.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено