Со 295 килограми Карлос Ороско не мислеше дека ќе доживее 40 години.

Но, неговата упорност и желбата за живот направиле да многу повеќе од половина од неговата тежина, па дури и да освои маратон. Кој би рекол…

Пред три години животот на Карлос не одел на добро. Освен што се справувал со гојазност имал и чиреви на нозете, висок крвен притисок, апнеја во спиење и целулитис, бактериска инфекција која предизвикува болен оток. Тој знаел дека треба да направи промена, па затоа се состанал со хирург за баријатрија за да разговара за операциите за слабеење – токму тогаш го дознал целосниот застрашувачки обем на неговата здравствена состојба.

Операцијата за слабеење не била на хоризонтот. Карлос првин морал да докаже дека е спремен целоснод а го промени животниот стил и дека операцијата нема да биде залудна и тој нема да се врати на своите стари навики. Во своја корист и во корист на неговите најблиски Карлос престанал да јаде брза храна, пржена храна, леб, газирани сокови и алкохол. Во комбинација со редовно одење, тој успеал да изгуби 45кг за само шест месеци.

На 22 декември 2016 година, направил операција за слабеење и продолжил со здравиот начин на живот. Тој тогаш ја развил и страста за трчањето и во 2017 година истрчал маратон за 90 минути. За година и пол од почетокот на трчањето, Ороско заврши околу 32 трки и маратони.

Тој изгуби 215 килограми од својата првична тежина и вели дека сега е навистина среќен и неговата самодоверба е на високо ниво. Карлос верува дека конечно го живее животот за кој отсекогаш мислел дека го заслужува.

Сподели на Facebook
пати видено