Се започнало од обична дрвена куќичка која решиле да ја направат во форма на сплав кој засекогаш ќе стои во морето. Потоа едно по друго изградиле цел остров, со неколку бавчи и живеат сосема независен живот од околината. Сѐ што им треба им го дава природата. Храната си ја произведуваат сами или си ја ловат од морето. За да обезбеди ручек, на мажот му требаат 10 минути затоа што местото е богато со риби.