Шеесет и едногодишник опседнат со вежбање се нашол на насловните во неговата родна земја Кина поради неговите впечатливи мускули и неуморното вежбање. Лианг Шианг од Ченгду, Сичуан, југозападна Кина, кој има син и млад внук, развил изразени стомачни мускули со секојдневно вежбање. Но, неговите напори не се само плод на суетна желба само да се прави важен, туку се дел од неговиот голем план да стане најстариот кинески возач на светски познатото Дакар рели во Јужна Америка.
Лианг пораснал во Ченгду, а учел во Јунан, пред да се вработи во локалната индустрија за гума, а од 1991 води свој бизнис за осветлување. Од 2000 година наваму, откако заработил доволно пари за повеќе да не мора да работи, тој се оддал на живеењето на својот сон, да биде рели возач. Но, и покрај тоа што бил спортски активен во младоста, имал определени потешкотии да држи чекор со помладите возачи, поради неговата возраст.
На совет на неговите пријатали, тој десет години се занимавал со фитнес, при што до ден денес е во извондредна форма и е редовен посетител во локалната фискултурна сала. Покрај тоа, тој внимава на својата исхрана и се храни квалитетно со седум оброци дневно, но го намалил количеството на месо и покрај тоа што многу го сака.
Лианг и неговиот син веќе учествувале во релито Дакар во 2012 година и планираат пак да го сторат тоа, штом ќе го достигнат врвот на нивната физичка подготвеност. Лианг предизвикал восхит кај неговите сограѓани. Еден од нив пишува: „Сега никој од нас нема изговор дека не може да ослаби“. Друг пишува: „Колку инспиративен човек! Тој го живее својот сон, а тоа нема никаква врска со парите!“


