24-годишниот Халил Мангаљи е среќен човек. Тој само што склопил договор од 1,8 милиони долари за неговата стартап компанија Фикс и добил добри вести во врска со неговото здравје. Туморот со кој се борел изминатата година се повлекува и има добри шанси целосно да оздрави. Неговиот млад живот е потсетник дека добрите работи често бараат тешки избори, тимска работа и, понекогаш, борба со сè што имате во себе.

Халил и неговите и неговите двајца пријатели Заин Мањи и Ариф Бањи сакале да стават зимски гуми на автомобилот, но сите механичари во нивниот град во Канада биле зафатени и затоа тие морале да викнат посебна служба која пристигнала во нивниот дом. Тогаш на Халил му текнало дека наместо луѓето да одат кај механичарот за менување на гуми подобро би било механичарот да дојде во нивниот дом. Така тие тројца направиле апликација Tire Swap, која откако вклучувала и други услуги била преименувана во Фикс.

Кога го завршил факултетот Халил имал понуди за работа од повеќе големи компании од кои една била и Фејсбук и Убер. Тој првично ја прифатил работата во Убер, но кога му се укажала можност компанијата од Торонто, Канада, да се прошири и во САД тој ги одбил од Убер и заминал за Калифорнија каде имал интервју за добивање на средства од YCcombinator, во износ од 20.000 долари. Кога нивниот бизнис почнал да расте и да се развива се случило нешто лошо.

На младиот Халил му бил дијагностициран тумор. Но, тој наместо да се откаже решил да продолжи да се бори за себе и за компанијата. Тројцата пријатели се преселиле во Калифорнија, додека Халил во исто време работел и се лекувал. Кога помислиле дека битката со ракот е завршена тој повторно се вратил, но исто така и Халил морал да се врати во Канада.

Сега Халил е подобро а компанијата расте и тие вработуваат уште луѓе. Целта им е апликацијата да ја прошират на национално, а потоа и на меѓународно ниво.

Сподели на Facebook
пати видено