Современата технологија во голема мера го олесни животот на луѓето и тоа често го земаме здраво за готово, сѐ додека не се најдеме во ситуација во која нашите уреди ќе ни ја откажат послушноста. Иако можеби никогаш нема да имате потреба да направите свеќа од намирници за готвење или да смислите начин како ја одржувате свежината без електрицитет, сепак е добро да се знаат некои вакви вештини.

1. Потребни ви се АА батерии, но имате само ААА? Свиткајте парчиња алуминиумска фолија за да го пополните просторот помеѓу приклучокот и батеријата.

pr01

2.Секогаш чувајте банкнота во вашиот телефон. Никогаш не знаете кога ќе ви се најде.

pr02

3. Во итен случај, маслена боичка ќе гори околу 30 минути.

pr03

4. Ако треба набрзина да запалите оган, потопете памучна ткаенина во бензин или восок и ставете ја во огнот.

pr04

5. Тоалетната хартија секогаш че ви биде сува ако ја чувате во стара кутија за кафе.

pr05

6. За да направите мал сплав, покријте неколку гранки со водоотпорна церада.

pr06

7. Не можете без зачини? Употребете тик-так кутивчиња за да ги понесете на кампување.

pr07

8. Ако носите грав или ориз во дивината, чувајте ги во пластични шишиња наместо во вреќи. Вреќите можат да се скинат, а во шишињата ќе бидат безбедни и суви.

pr08

9. Ако ви треба мал извор на топлина, свиткајте картон во лименка.

pr09

10. Приоѓате кон вашиот автомобил на мрачниот паркинг и се чувствувате небезбедно? Распоредете ги клучовите така што би можеле да ви послужат како оружје.

pr10

11. Ослободете се од комарците со стапица во домашна изработка: измешајте вода, шеќер и квасец.

pr11

12. Туба за вода и лампичка за на глава заедно чинат супер-светла лампа.

pr12

13. Одржувајте го свеж вашиот зеленчук со целосно природен „фрижидер“.

pr13

Се прави со песок и керамички саксии.

14. Ако ви пукне гума, а немате резервна, наполнете ја со трева за да можете да пристигнете до местото кадешто ќе можете да ја смените.

pr14

15. Околу вашиот камп поставете светлечки безбедносен систем со помош на стапици за глувци и флуоресцентни прачки.

pr15

16. Вашите очила можете да ги употребите за да запалите оган.

pr16

17. Ве фатил дожд? Од пластичните вреќи за ѓубре направете си наметка.

pr17

18. Од отварачите за лименки можете да направите јадици за ловење риба.

pr18

19. За да се заштитите од смрзнатини, намачкајте ги изложените делови на телото со бебешко масло.

pr19

20. Чипсот може да ви послужи да запалите оган.

pr20

21. Ставете фитил во лименка со сос од зеленчук и ќе добиете долготрајна свеќа.

pr21

22. Кога тргнувате на планинарење, секогаш носете креда со вас, за да ги обележите дрвјата во случај да се загубите и да почнете да се вртите во круг.

pr22

23. Никако не можете да ја отворите таа тврдоглава тегла? Послужете се со селотејп.

pr23

Сподели на Facebook
пати видено