Можеби ќе има голема испорака на храна за мачки на одредена адреса во Њујорк оваа недела. Мачките Тигар и Трој се ожалостени затоа што нивната сопственичка и долгогодишна придружничка починала, а сега тие имаат и средства за да ја „задушат“ нивната болка.

Елен Фреј Вутер, писател и поранешен работник во Обединетите нации, им оставила на своите сакани мачки солидна сума од 300.000 долари, осигурувајќи се дека ништо нема да им недостасува во наредните 9 животи. Се разбира, за да се осигура дека наследството нема да оди само на храна и играчки, Елен назначила двајца од нејзините поранешни здравствени помошници за администрирање на средствата.

Тигар и Трој

Мачките добиваат само дел од големото наследство на Елен, кое изнесува 3 милиони долари, од кои голем дел оди во хуманитарни организации, нејзините помошници и секако за нејзиниот адвокат. Пред да почине на возраст од 88 години Елен дала точни инструкции каква да биде грижата за мачките. „Мачките беа како нејзини бебиња.“, изјавила Далиа Гризле, една од помошничките на Елен.

Како такви, тие никогаш нема да бидат затворени. Редовните чешлања и ветеринарни посети исто така се плаќаат од фондот. И што е најважно, љубовта – понекогаш именувана како „филе мињон“ – секогаш ќе изобилува за Тигар и Трој. Постои, сепак, само еден детал. Ако нешто им се случи на овие мачки, нејзината сестра во Холандија, која не се вика Круела Де Вил, ќе стане наследничка на богатството.

Ова не е прв случај сопственици да оставаат огромни наследства на своите миленици. Всушност во споредба со некои наследството на Трој и Тигар е „бедно“. На пример грофица од Германија оставила на нејзиното куче наследство од 400 милиони долари. Леона Хемсли оставила на нејзиното куче 12 милиони долари, кои подоцна судот ги намалил на 2 милиони. Но, овие мачки не биле родени со сребрена лажица во устата. Тигар бил обична улична мачка пред да биде спасен.

Сподели на Facebook
пати видено