Дали навистина верувате дека постои приватност во модерниот свет? Ако верувате тогаш овој социјален експеримент од студент од Русија ќе ве натера повторно да размислите.

Денес е популарно да ставаме лични фотографии на социјалните мрежи. Скоро и да нема личност која што никогаш не направила селфи, или пак не оставила лични податоци на некоја од социјалните мрежи. Оние кои што не сакаат да се вклучат во оваа селфи опсесија често се сметаат за „чудаци“. Не е „нормално“ денес да си го задржите приватниот живот само за вас. Треба да ги споделувате искуствата во измислениот свет на дигитални пријатели.

Егор Тсветков, студент по уметност успеал да го прикаже денешното општество преку социјален експеримент наречен „Твоето лице е голем податок.“ Тој сликал над 100 лица од метрото во Москва, повеќето од нив не ни забележале дека некој ги слика. Поголемиот дел од нив гледале во своите смартфони и не обрнувале внимание на околината.

Интересниот дел доаѓа кога Егор ги ставил лицата во програм за препознавање на лица наречен „FindFace“, кој што самиот го креирал. Тој сакал да види дали преку овие случајни фотографии ќе може да ги пронајде корисниците на социјалната мрежа „Вконтакте“, социјална мрежа во Русија, користена повеќе и од Фејсбук.

Програмот функционирал одлично и тој пронашол дури 70% од луѓето кои ги сликал во метрото. Како што можете да видите од сликите луѓето се прилично различни од сликите кои се споделени онлајн. Тоа има смисла, затоа што луѓето објавуваат слики за да се прикажат во најдобро светло. Никој не сака да изгледа грдо или депресивно на слика, сите сакаме да ја претставиме совршената верзија од себеси.

Експериментот исто така е и предупредување за тоа дека не постои приватност во модерниот свет. Секој кој што има малку повеќе искуство со компјутери може преку вашата слика да открие се за вас.

„Овој проект е илустрација на иднината која што не чека, доколку продолжиме да се откриваме себеси на Интернет,“ вели Егор.

Затоа наредниот пат кога ќе ставите селфи на некоја социјална мрежа, сетете се на овој експеримент и размислете повторно.

Сподели на Facebook
пати видено