Моника Ли не е фотограф, што нема да ви се верува кога ќе ги погледнете нејзините дела. Наместо да ги слика нејзините модели со серија чкрапања, таа го користи својот молив за трпеливо и макотрпно да го предаде секој детал.
Уметницата ги објавува овие неверојатни цртежи инспирирани од вистинскиот живот на нејзиниот Фејсбук и Инстаграм. Таа се фокусира на најмалите нешта од нашиот свет, нешта кои нашите очи ги пропуштаат и кога се пред нас. Дела кои навистина го одземаат здивот. Гледањето во очите на овие илустрации во графит се чини речиси премногу интимно, но исто така и не можете да го тргнете погледот од нив.
„Алиса“

Моника го снима и процесот на цртање, покажувајќи како секој детал си доаѓа на место.

„Себастијан“

Секое влакненце, секоја пора и пега е речиси оживеана

Споредете го цртежот на Моника…

…со оригиналната фотографија на фотографот Мартелин Мистад

„Макалан“


Исто така навлегува и во светот на птиците

„Макао “(Ара)

„Петел“


