Знаете дека сте успеале во животот кога на сметката во банката имате 7 цифри. Најчесто овие пари се постигнуваат кога луѓето ќе созреат и ќе оформат кариера, но овие деца се исклучок. Тие успеале да станат милионери пред да излезат од „пелените“,

10. Рајан, 7 години

Рајан има видеа на YouTube во кои испробува нови играчки. Тој добива 1 милион долари месечно, само од реклами.

9. Мети Б Рапс, 14 години

Американскиот пејач и интернет личност е познат по неговите ремикс видеа на YouTube од познати песни. Тој ја започнал музичката кариера пред 7 години, а 4 години подоцна неговиот канал имал милијарда гледачи.

8. Рашед Саиф Белхаса, 15 години

Кога сте син на најбогатиот бизнисмен во Дубаи, не можете да немате пари на сметката. Момчето поседува ферафи, но „за жал“ го вози шофер, затоа што тој е премногу мал за да управува со возило.

7. Ник Џонас, 25 години

Ник е на 10-тото место во светот за најбогатите млади луѓе до 25 години.

6. Ник Далоисио, 21 година

Ник стана легенда за неговата апликација наречена Summly. Оваа апликација ги собира најновите вести и настани и им дава на своите корисници резиме за истите.

5. Рико Родригез, 19 години

Рико почнал да глуми кога имал само 8 години. Серијата Модерно Семејство му ја донела славата на Рико и оттогаш тој е многу успешен актер.

4. Танер Фокс, 17 години

Танер е YouTube ѕвезда и професионален каскадер за возење на скутер. Тој има над 6 милиони претплатници на неговиот канал и 3,1 милион следбеници на Инстаграм.

3. Марк Томас, 16 години

Марк Томас, роден на 29 март 2001 година е ѕвезда на социјалните медиуми, која успеа да привлече повеќе од 935.000 следбеници на Инстаграм. Тој е познат под името Duhitzmark и тој ја усовршил уметноста на објавување Musical.ly-направени видеа со други социјални мрежи како YouNow.

2. Џејкоб Сарториус, 15 години

Оваа дете уметник се прославило преку социјалните мрежи, откако објавило видео за имитирање на други пејачи. Тој бил посвоен на возраст од 4 години, бидејќи родителите не можеле да се грижат за него. Џејкоб го поставил своето прво онлајн видео на Vine кога имал 11 години.

1. Валентина Палома Пино, 10 години

Валентина Палома Пино е ќерка на Салма Хајек, позната актерка, и Франсоа Анри Пино, милионер. И покрај нејзината млада возраст, ова девојче веќе е многу познато и поседува замок од 12 милиони долари. Ова се случува кога некој ќе се роди како милионер.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено