Очајни фармери од Австралија изнајмуваат домови за 1 долар неделно за да ги спасат своите заедници од „изумирање“ и да овозможат опстанок на училиштата. Бидејќи 98% од Нов Јужен Велс е во период на суша голем број на домови се изнајмуваат по цена на едно чоколадо.

Фармерите ги изнајмуваат домовите на луѓе со деца со цел да го задржат училиштето и редовната автобуска линија.

Жителка на малиот град Кристин Вестон се надева дека на овој начин ќе привлечат луѓе за да се зголеми нивната мала заедница од 443 жители и бројот на ученици до 48 ќе се покачи на барем 52, за да властите им дозволат да ги задржат нивните 3 учители.

Кристин има 3 деца и таа креирала веб страна каде што куќите се изнајмуваат за 1 долар на луѓе со семејства. Оттогаш таа пронашла домови за 1.000 семејства од цела Австралија со фарми во Нов Јужен Велс, Викторија и Западна Австралија.

Основачот на rentafarmhouse.com.au, исто така, има 21.000 претплатници на нејзиниот билтен, кои доаѓаат од Мексико, па и од САД.

Во замена за ниската наемнина луѓето треба да ја одржуваат куќата и да помагаат на фармите, кога ќе бидат во можност.

Програмата за изнајмување за 1 долар помогнала на семејството бездомници со четири деца кое од Форбс се преселило во друг дел од централниот дел на државата за да имаат покрив над главите.

Столар од западен Сиднеј најде нов дом за своите седум деца и сега го води локалниот паб, додека една жена која студирала преку Интернет сега е директорка на локалното училиште.

Кристин вели дека има работа за сите доколку луѓето се спремни да работат и да имаат мирен живот.

Сподели на Facebook
пати видено