Група дизајнери од Јужна Кореја изнашле начин како да ги направат повесели врнежните денови, и да ги вратат боите на улиците на Сеул во деновите кога дождот не престанува.

Нивниот проект е наречен „Проект Монсун“, и како што сугерира името, предвиден е за годишната монсунска сезона кога непрестано врне до три недели. Уметниците употребиле хидрохроматичка боја, којашто е невидлива додека да се намокри. Користени се мотиви од корејската култура, и во сликите кои следуваат можете да видите како изгледа тоа.

kr01 kr02 kr03 kr04

Сподели на Facebook
пати видено