Во недовршена куќа во казахстанскиот град Актобе шест деца сами се чуваат и се борат да врзат крај со крај. Најмалото дете има само шест месеци, а најстарото 16 години. Во моментов децата живеат сами, без родители, а понекогаш им помагаат добрите луѓе од соседството.

deti_01

Децата велат дека нивниот татко е во болница, а нивната мајка, наводно, веќе неколку години е на печалба во јужниот дел на Казахстан.

„Децата беа сами дома. Кога ние ги видовме прв пат, беа премрзнати и гладни. Тие беа во својот дом и не бараа помош од никого. 8-годишното девојче само месеше тесто, за да испече леб и да се најадат“ – раскажува еден од волонтерите кој ја објави приказната.

deti_02

Откако приказната излезе на интернет, голем број доброволци се пријавија и дојдоа да им помогнат на децата.

deti_03

„Ние им помагавме колку што можевме, но решивме да ја објавиме приказната и на интернет, за да дојде и некој друг да помогне. Така луѓето донесоа дрва, месо, други производи, алишта и играчки“ – додаде хуманиот човек.

deti_04

deti_05

deti_06

Сподели на Facebook
пати видено