Секој ден се патентираат нови и нови пронајдоци. Некои се повеќе полезни, други помалку. Но, некои се толку брилијантни, што просто се чудите зошто сѐ уште не се произведени милиони од нив. Пронајдоците на оваа листа можат да бидат едноставни и практични, луксузни, како и сѐ помеѓу овие две крајности.

1. Приклучница со вградено светло. Веќе не мора да напипувате по ѕидовите во мракот.

pr01

2. Ова е генијален начин да ги научите луѓето да рециклираат – за услугите на јавниот транспорт нека плаќаат со нивните празни пластични шишиња.

pr02

3. Конечно! Кога и да пиеме кафе се чувствуваме како дете кое за првпат пие од шолја – оваа шолја за кафе која ги впива капките кафе ќе ви помогне да не направите неред додека пиете кафе.

pr03

4. Овие USB батерии на полнење навистина ќе ви се најдат за секогаш да имате батерии на располагање.

pr04

5. Да ви се испразни батеријата на телефонот кога најмногу ви треба е навистина фрустрирачки. Но, не стравувајте, овој полнач ви го чува грбот! Ја полни батеријата на вашиот телефон употребувајќи ја топлинат или студот на секој пијалок кој го пиете во моментот. (Е ако пиете само вода од чешма, немате среќа!)

pr05

6. Трчате ли понекогаш насекаде низ домот, чудејќи се каде по ѓаволите сте ги ставиле вашите клучеви? Со овие приврзоци, секогаш ќе можете да го најдете секој важен предмет кој сте го загубиле со помош на сателитната технологија и вашиот мобилен.

pr06

7. Да морате да одите во тоалет среде филм е една од најбаксузните работи кои можат да ви се случат додека сте на кино или театар. Не само што ќе се стрчкате до WC-то откако сте стискале 20-ина минути, туку можеби и ќе го пропуштите најинтересниот дел од филмот. Инсталирањето на вакви екрани би го решиле овој проблем. Само да не се заборавите внатре.

pr07

8. Си седите во паркот или на плажа и се нервирате бидејќи ви се празни телефонот? Само вклучете го овој полнач на сончева енергија. Иднината е сега.

pr08

9. Да возите избезумено во паркинг гаражата барајќи слободен простор за паркирање е посебен вид на мачење. Овие светлосни сигнали ги известуваат возачите каде има слободно место за паркирање.

pr09

10. Еве уште една јака практична идеја. Овие подвижни рамки ќе им помогне на велосипедистите да ги заклучат нивните велосипеди без непотребно да зафаќаат јавен простор на тротоарот.

pr10

11. Слушалки кои се дизајнирани да не се заплеткуваат? Е ова му е потребно на секој!

pr11

Сподели на Facebook
пати видено