Денес после подолго време си велам ајде и јас како луѓето, ќе отидам на работа со автобус. Возењето со градски автобус, како што знаете е цела авантура. Влегувам, седнувам, гледам низ прозорецот… идила. Одеднаш се слуша некое блеење на овца. Си велам:
„Значи не можеме да избегаме од селото. Некој во автобусот внесе овца.“
Луѓето гледаат љубопитно и ја бараат овцата. Блеењето се повторува. Потоа пак. Гледам еден човек го извлекува од џебот на мобилниот телефон, го става на увото и вели:
– Кажи душо!

Сподели на Facebook
пати видено