Приказната е слична како да сте добиле џек пот во казино и тоа само за вложени 100-тина денари, да добиете половина милион евра. Настанот се случил во Велика Британија, а жената сакала да остане анонимна. Жената се сомневала дека вазната чини многу повеќе, затоа што не личела на модерните кинески занаети, кои се продаваат „на кило“. Та побарала помош од проценител и останала шокирана од резултатот.

Експертот веднаш ја препознал вредната античка убавина во вазната. Таа била од ерата на владеењето на царот Цијанлун, кој владеел од 1735 – 1796 година. Првичната проценета вредност на вазната била скромни 80.000 фунти, но на аукцијата таа се продала за 484.000 фунти, односно 564.000 евра.

Сподели на Facebook
пати видено