Алексија Бери од Мисури била уапсена во Канзас Сити откако жител ѝ испратил снимки од надзорните камери на полицијата која веќе ја барала.

Полицијата ја барала жената под обвинение за предизвикување намерен пожар. Дури кога ја уапсиле имале можност да ја слушнат приказната зошто жената си ја запалила сопствената куќа.

Алексија им кажала дека таа „морала“ да ја запали куќата затоа што имало голем пајак во неа. Бидејќи таа многу се плашела од пајаци тој ја излудувал и немала друг избор освен да си го запали сопствениот дом. Полицијата верува дека жената исто така е и зависник од дрога и дека и тоа имало улога во нејзината паника од „огромен пајак“.

Сепак уништување на вреден имот не е нешто необично во САД. Претходно оваа лето жена по име Киа забележала пајак на нејзиното колено се фрлила од автомобилот и го пуштила автомобилот да се стркала низ ридот право во реката.

Сподели на Facebook
пати видено