На прв поглед Кетрин Сирс од Ајова има сосема нормален живот. Таа е 30-годишна мажена жена, со едно дете и работи како адвокат.

Сепак таа не била задоволна само од ваквиот живот и професија и решила да проба и нешто повеќе. Нејзината втора работа е прилично необична како за сопруга, мајка и жена со веќе оформена кариера.

Кетрин три недели работела во бордел, во Невада каде што сексуалната работа е легализирана и сфатила дека ѝ се допаѓа работата. Таа тврди дека ова е нешто што секогаш сакала да го направи.

Првпат се запознала со оваа „професија“ пред три години и вели дека во најдобриот период, за само 3 недели заработила 55.000 долари, гледајќи се со 10 до 15 клиенти во нејзините најпрометни денови.

Таа вели дека сакала да ја раскаже својата приказна на јавноста бидејќи се надева дека ќе помогне во декриминализацијата на сексуалната работа. Кетрин го запознала нејзиниот сопруг Џон Сир неколку години наназад кога двајцата студирале на Правниот факултет Дрејк.

Кетрин веќе била ангажирана во сексуална работа кога двојката за прв пат се запознала. Сепак Џон изјавил дека не му претставува проблем „дополнителниот приход“ на неговата сопруга.

Двојката заедно практикува кривично право, а сега имаат четиримесечен син. По раѓањето на нивното бебе, Кетрин земала слободно време од сексуалната работа за да се фокусира на семејниот живот и нејзината правна пракса.

Сподели на Facebook
пати видено