Реално полагањето испит е прилично тешка задача доколку сте ненаспиени, мамурни или пак едноставно не сте учеле. Оваа жена немала ниту еден ваков проблем, односно не била таа виновна за „потешкотиите“ кои се појавиле при решавање на испитот.

Сепак 21-годишната Алмаз Дересе е една храбра жена која е одлучна да го подобри своето образование.

Алмаз од Мету, западна Етиопија се надевала дека ќе го полага испитот за вонредното училиште еден ден пред да се породи. Но судбината си поиграла со неа и испитот бил одложен поради Рамазан.

И покрај тоа што можела да го одложи матурирањето за наредната година, Алмаз изјавила дека бременоста не ѝ претставувала проблем во учењето. Во Етиопија е чест случај девојките да не го завршат средното училиште и потоа да се вратат.

Алмаз се породила на 10-ти јуни, кратко пред да започне нејзиниот испит и таа не сакала целото учење да биде залудно. Нејзиниот сопруг Тадезе Тулу успеал да го убеди училиштето да ѝ дозволи на мајката да ги решава испитите во болницата и тоа по само 30 минути откако мал човек излегол од неа.

Бидејќи решавањето на еден испит не би било доволно 21-годишната жена решила три испити: Англиски, Амхарски и Математика. Алмаз вели дека добро поминала на испитите и има да заврши уште неколку, а потоа планира да оди на 2-месечен курс кој ќе ѝ помогне да се запише на факултет.

Сподели на Facebook
пати видено