Ада Блекџек заминала на експедиција за да собере пари да се грижи за нејзиниот син. Нејзината приказна за преживување се смета за едно од најекстремните преживувања во дивината во историјата. Кога се вратила во Алјаска, некои ја сметале за херој, а други ја обвинувале за убиство.

Во 1921 година истражувачот од Канада, Вилхјармур Стефансон барал од државата да му одобри експедиција на пуст остров, Врангел, откако не му одобриле тој самиот собрал тим и го пратил за да го „освојат“ и прогласат дека припаѓа на Англија. Четири мажи се припремале да заминат на мисијата, американците Фредерик Маурер, Е. Лорн Најт и Милтон Гале и канаѓанинот Алан Крафорд. Но им требал и Еским кој ќе им помага во тие услови, за таа работа се пријавила само Ада Блекџек.

Таа немала познавања за дивината, но бидејќи нејзиниот сопруг и двете деца починале таа морала да најде средства за да се грижи за третото дете кое било болно. Тимот земал намирници за 6 месеци и планирале таму да останат 2 години, бидејќи тоа бил бараниот период за да се „освои“ парче земја. Но, голем дел од нивната храна бил расипан, а бродот кој го очекувале да се врати во летото со уште намирници никогаш не пристигнал.

Тимот забележал дека на островот нема многу жив свет и уште повеќе се загрижиле кога во јули почнала ледена бура поради која водата околу бреговите замрзнала и било невозможно брод да им се доближи. Во јануари наредната година Фредерик, Милтон и Алан тргнале да бараат ново место за поставување на камп, а Ада останала да го негува болниот Најт. Таа вечер имало голема бура и никој повеќе не ги видел мажите. На 22 јуни починал и Најт.

На 19 август 1923 година пристигнал брод за спасување. Тие ја пронашле изнемоштената Ада која цела година ловела фоки. Таа барала да ја вратат кај нејзината мајка и се онсвестила. Во шаторот уште лежело телото на Најт, Ада никогаш не го закопала.

Кога се вратила дома луѓето ја пречекале триумфално. Од парите кои што ги собрала го излекувала нејзиниот син. Еден од луѓето кои ја спасиле тврдел дека таа не се грижела добро за Најт и затоа тој починал, а луѓето почнале да ја обвинуваат. Но, подоцна било откриено дека тој скинал неколку листови од дневникот на Најт и морал јавно да се извини. Ада повторно била сиромашна, се премажила, имала уште еден син, а подоцна се развела од сопругот. Таа починала во 1983 година на 85-годишна возраст.

Иронијата во целата приказна е што ниту Стефансон ниту истражувачите не провериле дека островот легално и припаѓа на Русија уште од 1916 година и тие залудно заминале на таа експедиција. Островот Врангел сега е руски природен резерват.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено